Запознавање

ДА БИДЕМЕ ПОЧИТУВАНИ, САКАНИ И ДА СЕ НАРЕКУВАМЕ БРАЌА

ИНТЕРВЈУ: Борче Величковски, претседател на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија

Како ја оценувате положбата на македонското национално малцинство во Србија?

Земајќи го впредвид фактот по кој македонската национална заедница пред точно дваесет години започна со своето институционално организирање, морам да приметам, дека и покрај кусиот период се остварени видливи и неповратни резултати. Сето тоа се должи пред се на дејствувањето на македонските организации во Србија, а пак нивното постоење се должи на искрената подршака од страна на Србија како држава сите национални заедници да живеат во добри односи, мешусебно и со мнозинскиот народ од една страна, но и да не ги забораваат своите корени, својата традиција, култура и историја од друга страна. Сето тоа придонесува положбата на македонското национално малцинство во србија да биде оценета како задоволителна, односно добра.

Има ли отворени прашања меѓу двете земји кои треба да се решат за да се подобри оваа состојба?

Двете држави, и домицилната и матичната немаат поголеми чуствителни прашања. Секако може да се спомене правото на вероисповест, но бидејќи станува збор за секуларни држави оставаме тие прашања меѓусебно да ги решат самите цркви. Државите од друга страна меѓусебно имаат изградена взаемна почит, изградени билатерални односи и пријателство а народите, можам слободно да кажам и братство.

Како живеат Македонците во Србија?

Всушност ни полошо ни подобро него и било кое друго национално малцинство, вклучувајќи го тука и мнозинскиот српски народ, што во превод значи, онака колку е моќта на државата Србија да ги обезбеди сите нешта за секој еден граѓанин.

Дали се и колку тој живот разликува од животот во татковината?

Генерално не. Нашите судбини на Балканот се неповратливо поврзани и можам да кажам дека во рамки на стопанскиот живот но и во рамки на остварување на правата на малцинствата, српското во нашата матица и македонското во Србија се различни, но сепак суштински блиски и сосема слични.

Дали има жалби за дискриминација врз основа на етничка припадност?

Не. Барем не нешто што би заслужувало да биде окарактеризирано како дискриминација. Општепознато е дека на секаое анкетирање Србите како мнозински народ високо ги оценуваат Македонците и во Србија и вон неа, како братски и пријателски народ.

Дали имало претходно и, ако имало, како се решавале овие проблеми?

Како што реков, нема жалби на дискриминација.

Колку припадници на македонското национално малцинство се официјално во Србија?

Во Република Србија според статистичките податоци живеат точно 22755 припадници на македонското национално малцинство.

Дали се проценува дека ги има повеќе отколку според пописот и ако е така, кои се причините за тоа?

Се смета дека оваа бројка е повеќеструко поголема, а според оценките на опсе, кои се секако неофициелни, се проценува дека на овие простори живеат и цели 200.000 македоци. Причините се повеќе него јасни. Ако се знае дека разликата од пописот во 1991 година и пописот во 2002 година изнесуваше 41,3% во минус за македонското национално малцинство, јасно е дека опаѓањето на бројките се всушност последица на тогашната асимилација, неснаоѓањето на македонскиот народ во новата улога на национално малцинство, тогашните негативни истапи на поедини политичари и слично. Се надеваме дека пописот во 2022 година ќе ја сподобри оваа слика.

Какви се односите со матичната земја?

Во принцип нашите односи се пред се институционални. Земајќи во предвид дека секој Македонец во Србија си имаа своја фамилија во матичната земја секао дека постојат и односи кои се развиваат на сосема друго рамниште. Но институционалните односи, пред се на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија како чадорна организација на Македонците, со институциите во матицата се генерално гледано добри ако го оценуваме севкупниот период од последните дваесет години.

Дали има директни врски и помош на македонската заедница во Србија и во што се огледа таа?

Во финансијска смисла не. Во логистичка, донекаде. Во кадровска многу малце. Како заедница испраќаме припадници на македонското национално малцинство на бесплатни студии во матицата. Нивното министерство за образование и наука распишува конкурс за доделување на студентските стипендии за странски државјани за секоја година, наназад петнаесет години. Според конкурсот се доделуваат околу 50 студентски стипендии на странски државјани, кои немаат македонско државјанство, а се со македонско потекло и живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Турција, Романија, Црна Гора и Грција. Досега исптаивме околу 150 студенти.

Од друга страна понекогаш нашите дечиња кои го учат предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура„ учествуваат во кампот „Ја сакам Македонија„ , а понекогаш ќе пристигнат и книги на македонски од област на белетристика за нашите библиотеки. Министерството за надворешни работи на нашата матица исто така годишно ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци, кои потекнуваат од редовите на дијаспората, да поднесат проектни пријави од интерес за припадниците на македонските национални заедници во иселеништво. Тоа е, горе-доле се онаа што нашава заедница во Србија го ползувала досега.

Дали сте задоволни од моменталната врска со матицата?

Секогаш може подобро.

Колку добрососедските односи меѓу Македонија и Србија придонесуваат за положбата и животот на Македонците во Србија?

Секако многу. Особено земајќи впредвид дека уште 2004 година тогашната Република Србија и Црна Гора и Република Македонија, меѓусебно потпишаа меѓудржавен договор за остварување, следење и имплементација на правата на српското и црногорското национално малцинство во Република Македонија и македонското национално малцинство во Република Србија. Овој меѓудржавен договор, кој има сила појака од секој закон во обете држави, освен најголемиот законски акт уставот, ратифициран е во парламентите на двете држави во 2005 година.

Политичко учество во Србија и Македонија.

Како национален совет не се мешаме во политиката. Секако дека е потребна партиципација во јавниот живот и на едниот и на другиот народ во земјите каде што живеат.

Актуелната состојба во татковината и дали и како таа се одразува во животот на Македонците во Србија?

Генерално, актуелната состојба во матицата не влијае во некој посериозен аспект на припадниците на македонското национално малцинство во Србија.

Прашање за зачувување на јазикот и традицијата. Дали сте задоволни од моменталната состојба? Може ли подобро и како? Дали се овозможува образование на македонски јазик? (Ако е така, дали е задоволително, ако не, зошто нее и како да се тоа промени)

На овој сплет на прашања ќе се обидам да одговорам со сплет на одговори од четирите области кои се во надлежност на националниот совет на македонското национално малцинство, а кои во последни време често повторувам. Националниот совет на македонското национално малцинство, како чадорна институција и главно представничко тело на македонците во србија и покрај тешката состојба условена од пандемијата на вирусот ковид -19, оствари запазливи, во некој области дури и исклучителни резултати, замејаќи го во предвид и фактот дека работеше со речиси слични средства како и изминатите десетина години.

Можат да се издвојат резултатот во областа на образованието бидејќи со ангажман на советот, одборот за образованието и нашите неуморни членови, продолжи изучувањето на предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура„ во Јабука, Качарево, Лесковац, Богоевце, Вршац, Гудурица, Хајдучица, Пландиште и Нови Сад, со тенденција на отварање на нови училишта. Бројките на децата кои го изучуваат овој предмет и покрај тешките услови не се намалени, а во училиштата во Лесковац и Богоевце оваа година се дури и рекордни.

Покрај пандемијата, можам да истакнам дека примамлива и занимлива беше и културната понуда на македонската национална заедница во Србија. Со успех се одржаа традиционалните „денови на македонската култура„ во нови сад, ниш и белград и низа други активности во склоп на програмата на манифестацијата „себеси во походи„.

Секако не се одстапи ни од проверените манифестации, како што се „гравче на тавче„, „средба на гајдаџии„, „гоцеви денови„, прослава на националните празници, пред се илинден, активностите на здруженијата „илинден„ од јабука, „вардар„ од качарево, „никола карев„ од панчево и секако центарот за заштита на традицијата и посебноста „тоше проески„ и куд „васил хаџиманов„.

Се случија и некој нови проекти како што се концерт на културно-уметнички друштва на различни национални заедници во Јабука, ревија на македонски носии во Качарево, како и голем број на други манифестации за кои би требало повеќе простор сите да се набројат и пак веројатно некоја би испуштил.

На директен или индиректен начин Националниот совет финансијски, логистички или кадровски во тек на годината помогна околу сто, а можно и повеќе проекти на здруженијата на Македонци или на организациите чиј што е оснивач. Информирањето на Македонски јазик беше постојано и во висина на предходните години, а во одредени проекти и преку тоа.

Нашите емисии на РТВ Војводина „Македонско сонце„ и радио емисијата „Македониум„ се општепознати, а се попознати стануваат и емисиите „Во духот на Македонија„, (некогашната емисија „Банатско сонце„) на РТВ Панчево и емисијата „Убавините на Македонија„ на регионалната РТВ Дунав. Една од новините е и емитирање на емисијата „Македонска разгледница„, која успешно се емитира во Врање.

НИУ „Македонско информативен и издавачки центар„ со нов менаџмент и лидерство започна голем број на нови проекти. Повторно почна да го печати детското списание „Sуница„, а списанието „Видело„ доби нов изглед. Новост е часописот за млади „Македон„ а во подговтовка се и нов портал кој за идеја има да ги обедини активностите на заедницата на едно место. Тука се и други бројни проекти кои ќе имаат траен карактер, а за кои допрва ќе стане збор.

Друштвото на новинари „Мак-инфо„, во соработка со „Форумот на млади Македонци„, како организации кои се основани и финансијски и логистички помогнати од страна на Националниот совет, благодарејќи на луѓето кои ги предводат, исчекориа со прегршт на квалитетни проекти кои резултираа со продукција на првата двојазична представа „Ветер во тапетите„, портал со резлични медиумски содржини кој е во подготовка, бојанка за најмладите припадници на нашето малцинство, а беа продукционо помогнати и изработките на двата спота на групата „Велион„ која на специфичен начин ги обработува македонските народни и изворни песни.

Соработката со нашиот најчитан неднелник „Панчевац„ на изработка на мултијазичниот додаток, доби една нова динамика со нови вести и содржини. Исто така и фондацијата „Македонско сонце„ имаше доста занимливи проекти, за кои се известуваше во медиумите.

Целото интервју можете да го видите ТУКА

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button