ВестиКултура

,,Дамарот” на Дарија Андовска на свеченото отворање на Интернационалниот фестивал на композитори во Белград

На свеченото отвoрање на 31-то издание на фестивалот International Review of Composers вчера во Белград беше изведена композицијата „даМар“ за соло виола и гудачки оркестар од македонската композиторка Дарија Андовска.
Селекторката и реномирана композиторка, проф. д-р Бранка Поповиќ, од над 370 композиции, пристигнати на конкурсот за годинашното издание на Меѓународната трибина на композитори во Белград, Србија, ги избрала најдобрите и најинтересни 50 композиции од автори од Србија, Северна Ирска, Црна Гора, Белгија, Јужна Кореја, САД, Италија, Хрватска, Аргентина, Португалија, Тајван и само една композиција од Македонија – „даМар”. На отворањето на фестивалот, на кое ќе бидат доделни и наградите, ќе настапи Саша Мирковиќ и Ансамблот „Метаморфозис“, кои се добитници на наградата “Александар Павловиќ” од Сојузот на композитори на Србија, за особен придонес и афирмација на српската музика.

На 23 август, оваа година, Саша Мирковиќ и Ансамбл „Метаморфозис“ ја изведоа композицијата “даМар” од Дарија Андовска и на фестивалот Пантопија во Берлин, Германија, како единствена македонска композиција на нивниот репертоар.

Дарија Андовска е редовен професор на Факултетот за музичка уметност, каде од 1 октомври е и декан на факултетот.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button