ВестиМакедонци во светот

Големо меѓународно признание за Петар Денковски

Eден од македонските официјални претставници со беџот на светската кошаркарска организација-ФИБА, Петар Денковски, ја доби честа, односно улогата ФИБА-инструктор на финалниот натпревар од Еврокупот во женска конкуренција.

Натпреварот кој ќе се игра на 12 април во Истанбул, ќе одлучи која од двете екипи финалисти, домаќинот Галатасарај и францускиот Асвел од Вилербан ќе го освои пехарот во ова европско натпреварување.

Ова е и највисоката официјална номинација од ФИБА за еден наш официјален претставник во европските клупски натпреварувања не само во оваа сезона. А во исто време и едно големо признание и за македонската кошаркарска федерација.

Инаку Денковски, како ФИБА-инструктор, ќе ја контролира работата на официјалните лица на оваа средба, односно судиите Паоло Маркес (Португалија), Гизела Гиорги (Норвешка) и Бенџамино Мануел Атард (Италија). Ова е уште едно големо признание во неговата сега веќе делегатска интернационална кариера.

Петар Денковски во изминатиот период живееше и работеше во Белград, како главен комерцијален директор на Веро, а беше и еден од основачите и член на Македонската бизнис асоцијација во Србија.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button