Во Белград, во Здружението на писатели на Србија промовирана е поетската книга „Тиховање Тихување“ на Наташа Радосављевиќ Нара која самоиницијативно е издадена двојазично, на српски и на македонски јазик.
Наташа Радосављевиќ Нара е позната српска сликарка, а двојазничната поетска книга Тиховање Тихување е нејзино четврто книжевно дело, кое е подржано, како пријател на книгата, од Здружената српска заедница на Куманово.
-Јас сум присутна на македонската сцена повеќе години, имам бројни пријатели и секогаш сум добро прифатена, и со оваа книга сакав да се заблогадарам и да го испочитувам македонскиот јазик, што е едно големо богаство, и што е начин на кој ќе соработуваме уште многу години, изјави Наташа Радосављевиќ Нара.
Тиховање Тихување е молитвено тихување, мир од кој се создава квалитет, а темата на книгата е спој на љубовта и духовната поезија, што секој во себе го носи, и размислувањата за сите сегменти од животот, како потреба на секое човеково битие.
Според познатиот македонски писател и поет во Белград, Виктор Шеќеровски, објавувањето на книги двојазично, и на српски и на македонски јазик, е почитување на две значајни култури, кои се коплементарни, и е продолжување на времето кога порано бевме заднички простор и кога ги почитувавме вредностите и ги преведувавме најзначаните српски и македонски поети.
-Тиховање Тихување е еден од доказите, дека взаемното почитување на двете литератури е потребно и на некој начин е почитување на она што сме го имале како нешто драгоцено што го носиме во нашите срца, изјави Шеќеровски.
Рецезенти на поетско дело Тиховање Тихување се м-р Љупка Стојменова и Видак М.Масларовиќ, а преводот на македоски јазик е на Виолета Танчева Златева.