Во Белград одбележан Свети Кирил и Методиј

На 24-ти мај беше одбележан големиот празник и се потсетивме на Светите браќа Кирил и Методиј – македонските и сесловенските просветители, заштитници на словенската писменост и култура. Овој ден не претставува само потсетник на нивното историско дело, туку е и симбол на заедничката заложба за зачувување на македонскиот јазик, култура и национален идентитет.

„Нивното дело не само што ги обединило словенските народи низ вековите, туку и денес ни служи како светол пример за важноста на образованието, духовноста и единството. Во секој збор на нашиот мајчин македонски јазик се слуша одекот на нивната мисија и затоа е наша должност да го негуваме и пренесуваме тоа наследство на идните генерации“ – порачаа од Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија.

На споменикот на Св. Кирил и Методиј во Белград, покрај делегациите на голем број на Амбасади и институции, венец положи и делегација на Македонскиот национален совет во Србија, кои ја искористија прилика да го честитаат празникот Свети Кирил и Методиј на сите припадници на македонската заедница и на сите останати граѓани во Србија кои го прославуваат.


Еден Коментар