ВестиКултура

Возот на животот на Соња Конеска Жугиќ пред белградската публика

Емотивно, топло и распеано се одржа промоцијата на најновата книга „Возот на животот”  на Соња Конеска Жугиќ во рамките на манифестацијата Денови на македоснката култура во Белград.

Допирот на македонската култура раскажан  преку животот на  авторката и нејзиниот стремеж кон уметноста, пред се кон театарот , симболично преставен преку 11-те вагони на нејзиниот животен воз од Прилеп, преку  Штип и Битола до Белград,  ги допре сите сетила на многубројната публика во атриумот на Педагошкиот музеј.


Својата најнова книга, издадена од страна на Новинско издавачката установа Македонски информативен и издавачки центар, авторката ја претстави  со музичка подршка на ансамблот  „Македониум” при што публиката уживаше   во своевиден актерско-пејачки перформанс исполнет со македонскиот етно мелос.

Инаку, Соња Конеска Жугиќ, освен што е членка на неколку белградски здруженија, во здружението „Македониум” е речиси од почетокот на неговото основање и е една од иницијаторите  за формирање на пејачката група при здружението.  Освен што извонредно пее, Соња и пишува. Досега има издадено две  монодрами: Офицер со роза и Самотија  како и драмата Мара.


Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button