Под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија, и како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, ќе се одржи првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на отворениот Балкан“, што ќе се одржи во Белград од 1 до 4 септември 2022 година. Организаторите најавуваат дека посетителите ќе имаат можност на уникатен начин да ги поминат винските патишта на Балканот и ќе ги спојат најдобрите производители на вино во регионот.
Со желба на саемот за вино да учествуваат што повеќе винарии, а да и на гостите им биде пријатно и интересно, осмислена е и богата програма која вклучува дегустација на вино, како и саемски натпревар „Отворен балкански вински трофеј“, стручни скупови од различни формати, мастеркласи, дискусии за потенцијалот на винската индустрија на Балканот, можности за зголемено учество на светскиот пазар, како и B2B состаноци на кој што на излагачите ќе им биде дадена можност да го прошират својот бизнис.
- Ве покануваме да ги запознаете врвните вештини на старите мајстори во производството на вино и доживејте уникатна комбинација на вкус и мирис, кои го претставуваат духот на Балканот, како и неговата географија и богатството на различните вински сорти- се вели во поканата.
Како престолнина на најдобрите вина за време на Саемот, Белград ќе ги собере најеминентните
винари, лозари, занаетчии, визби, енолози, сомелиери и трговци со вино, како и изложувачи од
од најпознатите светски винарии.
Саемот ќе биде со изложбен и продажен карактер, а на посетителите ќе име биде овозможено купување на избрани вина, како и разговор со сопствениците на винариите.