Состанок во Министерството за просвета: Важни теми од областа на образованието
Делегација на Координацијата на националните совети на националните малцинства го посети Министерството за просвета, наука и технолошки развој и оствари средба со државната секретарка Анамарија Вичек и нејзината асистентка Снежана Вуковиќ. Координацијата ја претставуваа Светлана Золњан, претставничка од словачкиот национален совет и членка во Националниот просветен совет, Зорица Митровиќ од Македонскиот национален совет, Маргарета Уршал од Хрватскиот национален совет и Маринел Блаж од романскиот национален совет.
На состанокот е изнесено неколку важни теми од областа на образованието, како што се воспоставување на дијалог во решавањето на проблемите во изработка на учебниците, рационалнизација на времето при нивното издавање во Центарот за нискотиражни учебници, реализација на процесот на преведување на учебниците за средно училиште, како и потребата за превод на дигирталните учебници и мултимедијалните додатоци. Договорена е и изработка на табела, односно табеларен преглед на потребите на националните совети за издавање на учебници. Анализирана е и можноста за отворање на комбинирани одделенија од 5 до 8 одделение и зачувување на статусот на училиштата за припадниците на националните малцинства, кои се предложени во измените и дополненијата на Законот.
Ден пред овој состанок беа оддржани онлајн консултации со претставниците на одборите за образование на сите национални совети.