БлогВести

Бугарија не застанува, со својата „империјалистичка“ политика кон македонската држава

Бугарските власти повторно, по којзнае кој пат во современата историја ја докажаа својата теза, дека имаат непријателски, агресорски и империјалистички амбиции кон својот западен сосед, кон македонската држава. Овој пат во фокусот не беа историјата, ниту пак оспорувањето на македонскиот јазик и идентитет, туку директен обид за мешање во внатрешните работи на македонската држава – конкретно во процесот на потенцијалните уставни измени во кои и бугарскиот народ, заедно со останатите, би требало да стане еден од малцинските заедници кои живеат во македонската држава. Па така во медиумите се појави веста дека министерот за надворешни работи на бугарската држава директно побарал од својот македонски колега да се официјална Софија вклучи и помогне во процесот на уставните измени, кој веќе претставува тешка тема на македонската политичка сцена, и тоа баш заради вклучувањето на бугарскиот народ во преамбулата, заедно со останатите малцински заедници.

Проблемот има две страни: прво, прашањето кое се поставува е зошто македонските власти дозволија да Софија може да го условува почетокот на пристапните преговори на македонската држава со Европската унија барајќи вметнување на бугарскиот народ во македонскиот Устав. А втората страна од сето тоа е прашањето колку всушност етнички бугари живеат во македонската држава имајќи го во предвид фактот дека на бугарските избори во дипломатско-конзуларните представништва на бугарската држава во Скопје, во последните десет години, гласаат едвај 500-600 македонски граѓани кои се декларираат како етнички Бугари. Ама тоа всушност и не е некој голем проблем ако гледаме од агол на бугарската теза дека не постои македонска нација. И тоа треба да им биде јасно и на македонските политичари. Затоа што со вметнувањето на бугарскиот народ во македонскиот устав, во кој се македонците државотворен народ, Софија де факто је прифаќа реалност за постоењето на македонската нација и така самата себе си поставува и промовира контрадикторни тези.

Овој пат проблемот е што Софија направи уште еден чекор кој не е во манирот на демократијата, добрососедските односи и европските вредности, барајќи да учествува во уставните измени што е од било кој агол гледано исклучително внатрешно прашање на секоја држава. Со ова Софија испрати уште една порака и до властите во Скопје, но и до официјален Брисел. Прво дека ја продолжува својата еднострана и империјалистичка политика кон територијата на современата македонска држава. А второ дека ја обманува целата европска јавност, политичка елита, граѓанско општество велејќи дека се залага за македонска држава во оквирите на Европската унија додека истовремено без никаков проблем поставува барања и услови до македонските власти кои директно го загрозуваат политичкиот суверенитет на македонската држава.

Ама ни тоа не треба да не изненадува. Зошто било кој воопшто би помислил нешто друго. Кога тоа е традиционална бугарска политика кон македонската држава. Кога се тоа одамна освоени аршини на бугарските политичари кон македонската држава. Кога немо цела европска заедница го гледа бугарското однесување кон македонската држава истовремено поставувајќи ја целата теза во контекст на добрососедските односи, а истовремено знаејќи како воопшто можно да се зборува за добрососедски односи ако Софија веќе ја доведува во прашање и македонската државност.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button