БлогВести

Бугарите не застануваат, со својата „нацистичка“ агенда кон Македонците и македонската држава

За тоа каков е одност помеѓу македонската и бугарска држава, каков е наративот на бугарскиот народ кон македонскиот и кон македонската држава, најдобро сведочи утакмицата помеѓу бугарскот фудбалски клуб Левски и македонскиот фудбалски клуб Шкупи, иако на сите им е добро познато дека Шкупи е пред се фудбалски клуб во македонската држава кој пред се го подржуваат граѓаните од албанска националност. Меѓутоа и тоа не претставуваше проблем за бугарските навивачи кои дојдоа да навиваат за својот Левски.


Впрочем, сеуште немаме одговор на прашањето дали дошле да навиваат за својот клуб или да го провоцираат македонскиот народ. Ама фактите се добро познати. Еден Бугарин повреден со тврд предмет во пределот на стомакот и 19 Бугари уапсени после утакмицата.
Приказната има секогаш две страни, но вистината е една, само е прашање дали македонското обвинителство ќе и соопшти на широката јавност токму она што се случило на теренот.
Бугарските телевизии веќе ги полнат насловните страни, дека повторно во македонската држава се нападнати Бугари, дека повторно во македонската држава граѓаните немаат трпение кон Бугарите, дека бугарскиот народ е на секој можен начин загрозен во македонската држава.


Од другата страна, стигнаа дури официјални оценки па македонскиот министер за внатрешни работи директно вината ја пронајде кај бугарските навивачи, тврдејќи дека тие провоцирале во централните подрачја од скопската населба Чари, додека пак, од другата страна, македонскиот премиер беше поумерен, па рече дека хулигани и од едната и од другата страна ги испровоцирале инцидентите и дека тоа е суштината на проблемот.

Во секој случај ова е уште една епизода од современите македонско-бугарски односи и тоа на само неколку недели пред фамозната седница на македонското Собрание на која треба да се гласа за вметнување на бугарскиот, заедно со останатите народи, како еден од малцинските народи во македонската држава.
Впрочем, односи помеѓу македонската и бугарската држава се неизвесни како и закажаната седница на македонското Собрание.

Главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ тврди дека нема да ги подржи тие уставни измени, велејќи дека се под диктат на Софија и условување на европскиот пат, додека пак македонскиот претседател вели дека нема план Б и дека до 30 ноември, кога би требало да се заврши и скрининг процесот за отпочнување на пристапните преговори на Скопје со Брисел, треба да бидат донесени, односно усвоени уставните измени.
Ама веќе не се во прашање тие уставни измени. Тоа е и онака формалност. Дури, за политичари кои ја гледаат широката слика и во прилог на македонската држава и македонскиот народ. Затоа што така и во формална правна смисла бугарите ќе го прифата фактот за постоење на македонскиот народ, како посебен од бугарскиот, имајќи во предвид дека бараат да бидат вметнати во Уставот кој препознава постоење на македонски народ.


Не е во прашање ниту европската иднина на македонската иднина. Затоа што кога во Брисел ќе постои компромис дека е дојдено времето за интеграција на Западен Балкан, улогата на Софија, иако е полноправна членка на Унијата, ќе биде многу маргинализирана од аспект да блокира било што суштински во едно такво сценари.


Ама во прашање се односите помеѓу бугарскиот и македонскиот народ. Оптеретени од политиката, од историчарите и од сите оние кои ја гледаат само малата слика, личниот и политичкиот интерес. Од едната страна трајно нарушени меѓучовечки односи, а од другата страна политичари кои имаат визија само додека им трае мандатот и ниту еден чекор повеќе.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button