Вести
Бор за Борче
Борот е најсилниот симбол на внатрешната сила, бесмртноста и долговечноста. Во ладните зимски денови, борот не ги губи своите иглички, а со тоа симболизира цврстина, сила и храброст.
На роденденот на прерано починатиот претседател на Националниот совет Бoрче Величковски, македонската заедница во Јабука и членовите на здружението Илинден од Јабука на иницијатива на Македонскиот национален совет засади бор – во дворот на регионалната канцеларија, како симбол на сеќавање, почит и долговечност на делата на Борче Величковски за македонската заедница во Србија.