БЛАГОЈЕ ИЛИЈЕВСКИ: ТРИПТИХ ЗА ЈАВНИТЕ ДОБРА НА НИШ
Благоје Илијевски, еден од оснивачите и долго години најактивен член на нишкото Здружение на Македонците Вардар, али и човек кој ствара и остварува во македонската национална заедница во Р.Србија.
Уметник и по образование и по вокација и по порекло,војни музичар, диригент во војниот оркестар и потполковник во пензија,истражувач и есеиста и член на редакцијата на Информативниот магазин Македонска Виделина кој се издава под покровителство на Националниот совет на македонската национално малцинство во Р.Србија, поголем дел на својата работа ја посветил на Ниш во кој живее и работи подолго време.
Автор е за Ниш на единствените изложби посветени на мостовите,изворите и извориштата и сакралните објекти во градот и околината.
Ова е неговата приказна за мотивите и подватите за који им посветил неколку години од својот живот.
ОД ИДЕА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
Идеи има разни и разни луѓе своите идеи или ги остваруваат или остануваат само идеи.
Покрај она што го остварив во животот ми требаше нешто да се ја како индивидуа остварам и во нешто што досега не сум го работел, и во тиа размислувања, како уметник од уметничка породица, ми се роди идејата за остварување на нешто ново што досега го нема
направено никој во Ниш. А тоа се проектите кој ги остварив за пориод од шест години.
АНДРИЌЕВИТЕ МОСТОВИ КАКО ИНСПИРАЦИЈА
Првиот на кој работев е “СВИ МОСТОВИ НИША” во 2017.год.каде по обиколката на целата територија на Ниш, а тоа се пет општини и седумдесет приградски населби и села, пронајдов, евидентирав и сликав ореку 170. мостови на седум реки и осум потоци.
Мотив и идеа за овој проект ми беше текстот на нашиот нобеловец Иво Андриќ кој за мостовите вели:
”Од свега што човек у животном нагону подиже и гради, ништа није у мојим очима боље и вредније од мостова. Они су важнији од кућа, светији, општији од храмова. Свачији и према сваком једнаки, корисни, подигнути увек смислено, на месту на коме се уктштају највећи број људских потреба, истрајни су од других грађевина и не слиже ничем што је тајно и зло”.
Целиот текст можете да го видите ТУКА