ВестиКултураНајави

Битолскиот театар ќе учествува на театарски маратон во Сомбор

Актерите на битолскиот театар Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов, по синоќешната премиера на претставата „Брод за кукли“, отпатуваа за Србија каде вечерва ќе гостуваат во Сомбор.

На покана од Народно позориште-Сомбор, битолските актери ќе настапат на театарски маратон и ќе ја изведат дуодрамата „Кислород“ од Иван Вирипиев, во режија на Иван Јерчиќ.

-„Кислород“ е возбудлива и провокативна претстава, која низ исклучителни инвентивни и емотивни играни актерски и режирани драмски сцени, со својата комплексна структура поттикнува преиспитување на сложените егзистенцијални прашања со критика на општествените, социјалните и политички проблеми, информираа од НУ Народен театар-Битола.

На 8 јуни, НУ Народен театар Битола со истата претстава ќе гостува во Нови Сад на камерната сцена на Српско народно позориште.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button