ЗапознавањеКултура

Легат на македонскиот диригент Горјан Коруноски во театарот Мадленијанум

Колку белградската публика е запозната со делото на македонскиот композитор и диригент Горјан Коруноски, некогаш главниот диригент и уметнички директор на операта во ,,Мадленијанум”?

Малку позната историја за маестро Коруноски ја откриваме во просторот на овој белградски театар, каде од 2007 до 2013 година работеше библиотеката „Горјан Коруноски“.

„Го дочекав Горјан Коруноски кога дојде во Мадленијанум, и на моите раце, за жал, тој почина од срцев удар. Да, тој почина на работното место, тука во фотељата покрај која седиме.“ – за својот пријател Коруноски го започнува разговорот господин Иле советник во театарот Мадленијанум.

Г-дин Иле, како долгогодишен директор на Југоконцерт, многу години учествуваше во организација на Охридско лето, и секогаш беше во тек кои се талентирани уметници во Белград. Тој наведува големи македонски имиња од светот на музиката.

„Коруноски беше, како и целата плејада на македонски музичари, еден изузетно добар уметник. Македонците биле, и се уште се, како нација запаметени како извонредни уметници, особено музичари, без разлика дали тоа се диригенти, пејачи или инструментални изведувачи. Студиото во Мадленијанум до неодамна го водеше  диригентот Миодраг Јаноски, кој беше директор на Операта во Нови Сад. Потоа, светски познат диригент е Ванчо Чавдарски кои многу години го водеше Симфонискиот оркестар и хорот на РТС. Ангел Шурев беше специјалист за диригирање на балети. Шурев го викаа во Загреб и Љубљана секогаш кога имаше нешто комплицирано, бидејќи диригентот мора да се прилагоди на темпото и можностите на играчите, а тоа малку луѓе го успева. Од помладите музичари голем  талент има виолинистот Марко Јосифовски.“

Маестро Горјан Коруноски

Биографија на Горјан Коруноски

Коруноски е роден на 29. јануари 1961 година во Прилеп (Македонија). Тој заврши композиција на Конзерваториумот „Петар Илич Чајковски“ во Москва (1980 – 1985), што значи дека ги усвоил најдобрите науки које во тоа време ги пружаше Европа, бидејќи Чајковски е врвна академија која ги даде најистакнатите музички уметници.

Потоа заврши диригирање (1992) на Факултетот за музичка уметност во Белград во класа на професорите А. Колар и С. Сепиц, а магистрирал (1995) на Музичкиот факултет „Франц Лист“ во Вајмар кај проф. Г. Калерт.

Од 1988 до 1993 година беше диригент и корепетитор во Народниот театар во Белград и гостин-диригент на Националниот театар во Скопје. Од 1993 до 2001-та беше диригент во Театарот во Хоф (Германија). Германија во тоа време беше европска земја која имаше повеќе Опери од остатокот на Европа. Имаше многу добро развиен оперски живот, речиси секој град имал своја сопствена Опера и Симфонијски оркестар.

Коруноски добиваше ласкави признанија од страна на музичките критичари во земјата и странство за изведување на оперски дела на: Моцарт, Росини, Верди, Бизе, Орф, Пучини, Маскањи, како и на оперетите и мјузиклите на: Бернштајн, Лехар, Кандер, Офенбах, Штраус, Штајн и Вебер, потоа и за концертните дела на: Моцарт, Бетовен, Брамс, Чајковски, Дворжак, Сибелиус, Респиги и Енеску. Коруноски диригирал балети на: Барток, Делиб, Гершвин, Чајковски, Прокофјев и Харолд во Народниот театар во Белград и Српскиот национален театар во Нови Сад, за кои добијаше изузетни критики, бидејќи балетите се потешки за диригирање од оперите. Соработуваше со: Филхармонијата од Јена и од Хоф (Германија), Македонската филхармонија од Скопје, Филхармонијата на млади Борислав Пашчан од Белград, Младинскиот оркестар на Војводина и Музичката младина на Македонија.

Коруноски беше заинтересиран за камерна и вокална музика и композитор е на разни дела: Концерт за оргули, гудачи и удирачки инструменти, Циклус на песни за бас и пијано, Соната за соло виолина, Гудачки квартет, Скици за две пијана и други.

Од 2000 до 2002 година Коруноски беше гостин-диригент во Мадленијанум и Македонскиот народен театар во Скопје. Главен диригент на Мадленијанум стана во 2003 години, а од 2005 и уметнички директор. Почина на 06. декември 2005 година.

Соработка со Мадленијанум до последната вдишка

„Коруноски учествуваше во изработка на програмот за отворањето на зградата на Мадленијанум. По таа причина, тој беше диригент на гала концертот со уметници од рускиот Бољшој театар. Потоа Коруноски, со својата голема посветеност на работата, многу успешно реализирал неколку проекти. Тој ја има остварено сложената и особено тешка опера „Приказните на Хофман“. Потоа го превзеде диригирањето во Мадленијанум, и така беше сè до несреќната година, кога се вративме од големото заседание „Опера Европа“ во Монте Карло. Пред тоа, тој имаше мали проблеми со срцето. Сакаше да си го провери своето здравје и отиде да изработи коронографија пред патувањето за Монте Карло. Јас лично разговарав со лекарката, прашав дали ние можеме да патуваме. Таа рече дека е сè во ред. Навистина, во Монте Карло ние поминавме извонредна три дена работајќи, на состаноци, а навечер уживавме во вечерите и приемите.

Неколку дена по нашето враќање во Белград, тој имаше проблеми со срцето, тешко се качуваше по скалите. Еден ден нешто не му беше добро. Директорката ме повика во канцеларијата и нас неколку му пријдовме. Под јазикот  му ставив нитроглицерин, што јас секогаш го носам со мене, и се обидов да му дадам дишење уста на уста. Стигна брзата помош, се обиде да направи реанимација, но за жал, инфарктот бил толку силен и неговото срце препукнало. Погребан е на Новото гробиште и секоја година неговите родители доаѓаат од Скопје за да ја одбележат годишнината од смртта на Коруноски.

Имаше само 44 години, бил многу млад, инаку физички многу силен. Диригентите се долговечни, најверојатно затоа што се многу физички активни. Диригувањето не е лесна работа. Бара многу физички напор, и очигледно, и добро здравје.“

Каков беше Коруноски?

Коруноски беше, навистина многу млад и успешен, со голема каријера пред него како врвен професионалец.

 „Се најдобро зборувам за Коруноски, бидејќи и како уметник и како човек беше на многу високо ниво. Секогаш беше насмеан, ведар и секогаш зрачеше позитивно. Едноставно,  пленеше со својата личност. Тој беше стожер кои со смеа, приказни, шеги ги собираше луѓето околу себе. Зборуваше со малку македонски акцент, но тоа беше многу симпатично.“

Откаде идеја за библиотека во театар?

Коруноски имаше многу богата библиотека, и тоа беше причина за обележување на неговата работа во Мадленијанум. Неговата сопруга, исто така Македонка која се занимавала со балет, ја поклони големата библиотека и неговите ракописи што таа не сакаше да се изгубат. Подарената литература е на руски и на други јазици, а неговите композиции се чуваат кај нас.“

На 26. јануар 2007, на десетгодишнината од основањето на Операта и театарот Мадленијанум, отворена е библиотеката „Горјан Коруноски“ на чии ѕид е закачен излеаниот лик на Коруноски.

Плакета со ликот на Коруноски во Мадленијанум

Богата музичка библиотека

Библиотеката „Горјан Коруноски“ е легат на македонскиот диригент и композитор за сите музички учени кои имаат амбиција да го продолжат патот оттаму каде што Коруноски застанал.

Литературниот фонд на библиотеката вклучуваше значителен број на книги на руски од сите области на музичка уметност: теорија на музика, музичка педагогија, музичка историја, биографии на познати композитори итн. Книги за музичка критика, есеистика, патеписи и осврти за важни музички настани во земјата и странство се публицирани на српски јазик.

Во тек на седумгодишното постоење на библиотеката големиот број на стручна литература и партитури ги користеле редовните корисници од матичната куќа, но и студентите, професионалците и сите заинтересирани граѓани. Денеска само на одобрено барање може да се користи литературата од легатот на Коруноски.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button