ВестиКултура

Белград низ време во очите на Оливера Доцевска

Во пресрет на Денот на жената, на 6 март 2024. година, во Педагошкиот музеј во Белград, беше отворена изложба на фотографии „Убавиот Белград во моите очи” на Оливера Доцевска во организација на здружението Македониум.

Покрај авторката, на присутните им се обрати и Зорица Митровиќ, претседателката на здружението Македониум, како и неговата екселенија проф. д-р Никола Тупанчески, македонскиот амбасадор во Р. Србија.

Во музичкиот интермецо со неколку нумери настапи Вероника Мона Богиќ на виолина.

Поетесата Оливера Доцевска излегува од просторот на зборовите и следејќи го непишаното правило „сликата вреди илјада зборови”,  на публиката и се обраќа визуално – од улогата на фотограф.

На првата самостојна изложба на фотографии „Убавиот Белград во моите очи” авторката Доцевска ги забележува миговите на четирите годишни времиња што остануваат како сведок на промените. Белград во пролет, прошетки во есен, кејот во Земун, реките Дунав и Сава, зимски пејсаж, летна жега… се некој од авторските импресии што се редат на триесетина фотографии во голема димензија.

Оливера Доцевска (Куманово, 1975) дипломирала и магистрирала на Правниот факултет во Скопје, а потоа работи како адвокат од 2008 до 2020 година. Член е на Друштво на писатели на Македонија. Нејзиното книжевно творештво опфаќа повеќе дела поезија и проза, колумни, есеи, преводи како и неколку приредени антологии. Добитник на неколку награди за поезија.

Оливера Доцевска работи и живее во Белград.

фото: Искра Пенева

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button