„АМБАСАДОРKA“ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО НИШ – СУЗАНА ПЕТРОВИЌ
Ова интервју е дел од проектот ,,Македонски приказни'' на ТВ Зона плус, поддржан од Министерството за култура на Република Србија
Сузана Петровиќ е почесен член на Здружението на Македонци „Вардар“ Ниш, професор по музика во нишовите средни училишта и основач на хорот „Грација“. Членовите на Здружението Вардар велат дека таа е „амбасадор“ на нивната национална култура во Ниш.
Семејна приказна: Од Велес до Ниш
Сузана Петровиќ (1980) е родена во Велес, Македонија. На еден македонски детски фестивал, како петгодишно дете ја отпеа песната „Кокиче“, од македонски композитор и текстописец.
И така се заљубила во музиката. Посетувала и балетско училиште во Велес.
Токму во Велес ја запознава македонската народна, традиционална музика, која 20 години подоцна ќе ја изведува со својот ансамбл во Ниш.
Подоцна, со семејството повеќе пати се селиле.
Основно образование, основно музичко образование (отсек гитара) и гимназија завршила во Књажевац.
Учела во две средни училишта во Књажевац – гимназија и средно музичко училиште. Дипломирала на Факултетот за уметности во Ниш како прв студент на Катедрата за музичка педагогија. Магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Белград по предметот контрапункт во класата на професорот Предраг Репаниќ.
Професионален живот
Основач е на младинскиот хор „Грација“, кој е добитник на бројни награди и признанија, од кои се издвојува првото место на Републичкиот хорски натпревар во Нови Сад. На репертоарот на овој ансамбл се композиции од хорска литература како и фолклорно-традиционални песни.
Сузана Петровиќ како композитор учествувала на повеќе детски фестивали:
„Златна пчела“ со песната „Каќа“ и фестивалот „Мајска песма“ со песната „Волшебникот“ како и на фестивалот на нови градски песни и романси „Нишка есен“ со песната „Спомени“.
Била музички критичар на НИМУС, фестивал во организација на Симфонискиот оркестар во Ниш, секретар и претседател на советот на фестивалот „Меѓународен хорски фестивал“ во Ниш.
Со својот ансамбл Грација настапуваше на многу градски манифестации, но и на многу културни настани во градот Ниш. Добитник е на бројни национални и меѓународни награди и признанија.
Целото интервју можете да го видите ТУКА
Почесен член на Здружението Вардар
На мое големо задоволство станав почесен член на здружението на Македонците „Вардар“ во 2017. година. Голема радос ми причини моментот кога ми беше врачена мојата почесна членска карта, на свечената академија по повод 15. години работа на здружението, во Куклениот театар Ниш, пред Нејзината Екселенција Амбасадорка на Македонија во Белград Вера Јовановска Типко. На таа свечена академија со младинскиот хор „Грација” изведовме неколку македонски, народни песни. Амбиентот беше прекрасен.
Со посебна радос со младинскиот хор „Грација” земавме учество во свечените отварања на традиционалната манифестација која ја организира нашето здружение „Денови на македонската култура”. Тоа е прекрасна манифестација која трае повеќе денови, со која се збогатуваат културните активности во Ниш и се представуваат поедини дејци, со македонско потекло, во областа на културата.
Илинден е еден од најголемите македонски национални празници. Јас одкако знам за здружението тоа на тој ден организира прием за сограѓаните и локалната самоуправа. И по тој повод повеќе пати со хорот „Грација” учествув во одбележувањето на Илинден.
Здружението знае да организира обави активности, по разни поводи. Се сеќавам кога за пречек на една Нова година бев во просториите на здружението. Музика, песна, игра, позитивна атмосвера сето тоа беше присутно целата вечер. Прав, македонски пречек на Новата година.
Посебно сум среќна кога претседателот на здружението Благе Петрушевски ќе ми каже „Сузана, па ти си амбасадорка на македонската култура во Ниш и Србија”.
Најголемата анегдота е мојата средба со раководството на Здружението, со Благе Петрушевски во Нишкиот културен центар, каде веднаш се договоривме за настап и соработка. Енергиите ни се поклопија при првото ракување.
Колку ваквото здружување значи за добриот соживот и положба на македонската национална заедница?
Мислам дека постоењето на ова здружение е исклучително важно бидејќи на тој начин преку нивните активности се негува и се чува од заборав македонската култура и историја.