ВестиИнформирање

Одбележан 11-ти октомври - Денот на народното востание на Македонија

На 11- ти октомври се одбележа Денот на народното востание на Македонија. Во местото Јабука крај Панчево, Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и здружението на Македонците од Јабука – Илинден, положија свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев, во истоименото основно училиште во Јабука.

На 11-ти октомври 1941 година беа возобновени македонските стремежи за слобода и започната Антифашистичката борба. Нашите предци со крв ја извојуваа слободата која ние денес ја живееме, затоа треба да ги споменуваме и нивниот светол пример да го одбележуваме, почитуваме и славиме. 

Нека е за многу години Денот на народното востание на Македонија – порачаа од Националниот совет на македонската национална заедница во Србија.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button